-
Signature
(оцени)1.380,00 ден Достапност: На залихаЛимитирана серија на гроздова ракија добиена со дестилација на вино од трпезната сорта Викторија, зреена 24 месеци во француски дабови буриња со капацитет од 400 литри. Се одликува со златно-жолта боја со килибарна нијанса, богата комплексна арома на сортата во комбинација со дрво и ноти на дим и ванила, со полн долготраен и слаткаст вкус.
-
Азбука
(оцени)860,00 ден Достапност: На залихаКомплексно, меко и елегантно на вкус, изобилува со цветни и овошни ароми, предводени од препознатливата Виљамовка, надополнети со поттонови на жолто есенско овошје. Сочноста на зрелата круша допринесува за свиленкаста текстура и создава нежна сладост на палетата која поминува во чист и долг завршеток.
-
Алхемија Дуња
(оцени)2.250,00 ден Достапност: На залихаРакијата од дуња се произведува од сортата лесковачка дуња, на традиционален начин, со двојна дестилација. По кратко стареење во нови српски дабови буриња, созрева во садови од нерѓосувачки челик.
-
Алхемија Слива
(оцени)2.250,00 ден Достапност: На залихаМешавина на дестилати од чачанска рдна, чачанска убавина и црвена ранка, одлежени во дабови буриња од 225 л, направени од српскиот даб Китњак (50%) и француски и американски даб (50%). Периодот на стареење е 3 години. По купажата и созревањето, се добива елегантен пијалок со префинет вкус и суптилен букет, свиленкаст со долготраен вкус.
-
Аманет
(оцени)800,00 ден Достапност: На залихаАМАНЕТ – Зреена со парчиња дрво од нашето поднебје и традиционални ароми на ракија.
-
Бараба слива
(оцени)2.150,00 ден Достапност: На залихаСливовата ракија е одлично сведоштво за умешноста на дестилаторот да создава пијалок кој ќе не придружува во важни животни прилики и кој ќе биде достоен израсток на вековната традиција на овие простори. И приказната за Baraba Plum ракијата започнува со изборот на најдобрите плодови од слива во овоштарниците на Подрум Палиќ, продолжува со создавање на чиста овошна суштина и завршува со складирање во буриња направени од ситен даб, каде карактерот на овој пијалок го продолжува својот развој. Оваа ракија треба да се сервира на собна температура, на крајот од добар оброк
-
-
Барик
(оцени)700,00 ден Достапност: На залихаПодготвена е од квалитетно одгледано демиркаписко грозје од сопствените лозови насади, без додадени вештачки адитиви и ароми, без конзерванси и вештачки супститути на шеќер. Во неа се зачувани сите особини, автентичност и својства на грозјето.
-
-
Блум
(оцени)2.700,00 ден Достапност: На залихаОва бренди се одликува со светло жолта боја, како резултат на 15 месечното созреење во нови дабови буриња. Аромата е комплексна, преовладуваат флорални ноти надополнети со поттонови на свежа дуња. Телото е меко и
полно, богато со овошни и слатки зачински вкусови на зрела дуња, ванила, цимет и печен бадем. Овој спој дава комплексен и долготраен вкус со хармонична и избалансирана завршница. -
Божица
(оцени)800,00 ден Достапност: Нема на залихаМногу стара (МС) жолта ракија направена со дестилација на фино вино и зреена со години во дабови буриња во кои пред тоа зрееше вино. Има богата, комплексна и доминантна арома.
-
Филтер по
Покажува 1–12 од 58 резултати