-
Signature
(оцени)1.380,00 ден Достапност: На залихаЛимитирана серија на гроздова ракија добиена со дестилација на вино од трпезната сорта Викторија, зреена 24 месеци во француски дабови буриња со капацитет од 400 литри. Се одликува со златно-жолта боја со килибарна нијанса, богата комплексна арома на сортата во комбинација со дрво и ноти на дим и ванила, со полн долготраен и слаткаст вкус.
-
Блум
(оцени)2.700,00 ден Достапност: На залихаОва бренди се одликува со светло жолта боја, како резултат на 15 месечното созреење во нови дабови буриња. Аромата е комплексна, преовладуваат флорални ноти надополнети со поттонови на свежа дуња. Телото е меко и
полно, богато со овошни и слатки зачински вкусови на зрела дуња, ванила, цимет и печен бадем. Овој спој дава комплексен и долготраен вкус со хармонична и избалансирана завршница. -
Вилијамс
(оцени)1.880,00 ден Достапност: На залихаКомплексно, меко и елегантно на вкус, изобилува со цветни и овошни ароми, предводени од препознатливата Виљамовка, надополнети со поттонови на жолто есенско овошје. Сочноста на зрелата круша допринесува за свиленкаста текстура и создава нежна сладост на палетата која поминува во чист и долг завршеток.
-
Дамсон
(оцени)2.050,00 ден Достапност: На залихаДолгото зреење во нови француски дабови буриња резултира со светло килибарна боја, надополнета со нежни ароми на зрела слива. Дополнителните зачински ноти на ванила, мед и јаткасти плодови, совршено се интегрираат и даваат богат, комплексен и долготраен вкус.
-
Мускат Хамбург
(оцени)1.320,00 ден Достапност: На залихаKамник гроздовата ракија, направена од 100% добро созреано грозје од сортата Muscat Hamburg. Внимателно се извршени ферментација и дестилација за да се добијат пријатен и и богат мускатен мирис на рози и извонреден вкус. Созревањето е во иноксни танкови, помеѓу 6 и 12 месеци.
-
Џонатан
(оцени)1.580,00 ден Достапност: На залихаНашето Џонатан бренди се одликува со интезивно златна боја и широк спектар на овошни и флорални ароми, додека неговата палета е раскошна и прогресивна откривајќи го неговиот комплексен карактер, од свежи есенски јаболки па до егзотични зачински ноти како ванила, цимет и богат путерест завршеток.
Алкохол: 43%
Најдобро се комбинира со селекција на тврди зреени сирења, овошен тарт и десерти базирани на темно чоколадо.
Филтер по
Прикажани сите 6 резултати